Познатиот рап интерпретатор „21 Savage“ приведен во САД

Интерпретаторот Абрахам Џозеф кој во 2005 година влегол по легален пат, имал пресуда за дрога од 2014 година и бил приведен поради истекување на визата

1138401
Познатиот рап интерпретатор „21 Savage“ приведен во САД

Познатиот рап интерпретатор „21 Savage“ кој е номиниран за наградата Греми, поради истекување на визата беше приведен во САД.

Портпаролот на Канцеларијата за миграции и царините на САД Брајан Кокс рече дека британскиот државјанин рап интерпретаторот Ша Ја Бин Абрахам Џозеф кој е познат под сценското име „21 Savage“, беше приведен во операцијата во градот Атланта.

Кокс рече дека интерпретаторот Абрахам Џозеф кој во 2005 година влегол по легален пат, имал пресуда за дрога од 2014 година и бил приведен поради истекување на визата.

Абрахам Џозеф заедно со американскиот рап интерпретатор Пост Малон, со синглот „Рокстар“ кој го снимија заедно, се номинирани за кандидати во категоријата „Албум на годината“ и „Рап перформанс на годината“ на 61-то доделување на наградата Греми.



Слични вести