Туризмот во Турција 03/2019

Античкиот град Ефес, кој се наоѓа во границите на населеното место Селчук кај градот Измир, во егејската област на Турција, почнувајќи уште од првите периоди во текот на приближно 9000 години бил населен, т.ј простор на населување

1124773
Туризмот во Турција 03/2019
efes (10).jpg
efes (11).jpg
efes (8).jpg
efes (7).jpg
efes (3).jpg
efes (2).jpg

На териториите на Анадолија кои што низ историјата биле домаќин на различни цивилизации, се наоѓаат голем број антички градови. Едниот од тие антички градови е Ефес...

Ефес, кој се наоѓа во егејската област на Турција, во границите на градот Измир, почнувајќи уште од првите периоди по во текот на елинистичкиот, римскиот, источно-римскиот, беглуците и османлискиот период во текот на приближно 9000 години бил населен, т.ј. простор на населување. Освен тоа, низ историјата бил мошне значаен пристанишен град, и во положба на културен и трговски центар.

Формирањето на античкиот град Ефес се протега до 6000 тите години пред новата ера, до младото камено време, кој што се нарекува неолит... Во реализираните истражувања во последните години се утврдени населени места на Хититите. Ефес кој за време на Римската Империја доживеал раскошен период, било најголемото пристаниште на азиските провинции. Во 1330 година бил освоен од страна на Турците и станал центар на едниот од турските беглуци. Со текот на времето ја изгубил карактеристиката на значаен пристанишен град и се смалил. Денеска е во положба на антички град кој се наоѓа во границите на населеното место Селчук кај градот Измир и секоја година привлекува голем број туристи...

Поради тоа што низ историјата низа пати го променил своето место остатоците на Ефес се простираат на еден широк простор. Меѓу овие остатоци кои што се распространети на простор од приближно 8 квадратни километри се реализирани ископувања, реставрации и работи за преуредување кои што траеја долги години.

Ефес, содржи знаци кои што држат светло на урбанизација од висок степен, архитектура и историја на верувањето. Најзначајниот од нив е храмот на Артемида кој се смета за едно од седумте светски чуда…Едната од карактеристиките кои што го прават значаен Ефес е тоа што христијанскиот свет верува дека едниот од апостолите на Исус, Свети Јован, односно Сент Џон или Свети Јован во Ефес ја напишал библијата (евангелието) на Јован (Јахја) и дека на овие територии починала Мајка Богородица. Куќата на Мајка на Богородица која денеска од страна на христијаните се смета како место на аџилак, Базиликата над која бил изграден гробот на Сент Џон, односно Свети Јован и црквата Богородица се меѓу најзначајните дела овде... Поради тоа античкиот град наидува на прилив на голем број посетители од христанскиот свет.

Доколку посакувате да реализирате патување во античкиот свет и да станете сведок на начинот на живот пред стотици години, ве поканува Ефес да дојде на овие територии.

 



Слични вести