Годинашните манифестации Шеб-и Арус во Конја ги следеа 200 илјади домашни и странски посетители

Годинашните манифестации Шеб-и Арус во Конја по повод Неделата на сеќавање на големиот турски мислител, хуманист, поет, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми, кои траеја 10 дена (од 7 до 17 декември) ги следеа 200 илјади домашни и странски посетители

1113953
Годинашните манифестации Шеб-и Арус во Конја ги следеа 200 илјади домашни и странски посетители

Манифестациите за сеќавање на големиот турски мислител, хуманист, поет, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми по повод одбележувањето на 745-годишнината од неговата смрт или како што Тој самиот вели "средба со саканиот", оваа година ги следеа 200 илјади домашни и странски посетители.

Манифестациите кои што се одржаа во градот Конја траеја во текот на 10 дена. 

За време на годинашните манифестации беа приредени 3.766 програми.

Во тие рамки во периодот од 7 до 17 декември беа приредени танцеви т.ј. ритуали сема (Ајин-и Шериф) со настап на Семазени, мевлевиски дервиши кои се вртат во круг. Во работните денови во текот на неделата по 11, а на крајот на неделата викендите по 4 мевлевиски танцеви т.ј. ритуали сема (Ајин-и Шериф).

Концертот на познатиот пејач Ахмет Озхан со тасавуфска, односно суфиска музика и Мевлевиското Мукабеле (мевлевискиот ритуал со танц сема и читање) во Културниот центар Мевлана и Спортскиот и конгресен центар на локалната самоуправа на Конја пак го следеа 47 илјади 722 лица.

За годинашните манифестации Шеб-и Арус беа продадени билети со посредство на 672 туристички агенции. 

Концертот Шехрам Назири во Конгресниот центар Селчуклу пак го следеа 1.850 Иранци.

Исто така во периодот од 7 до 17 декември изложбите кои што беа отворени во Културниот центар Мевлана во градот Конја беа посетени од страна на 20 илјади лица.



Слични вести