Киргистанскиот град Ош избран за културна престолнина на турскиот свет за 2019 година

На крајот на состанокот на 36-тата сесија на постојаниот совет на министрите за култура на ТУРКСОЈ во градот Кастамону за културна престолнина на турскиот свет за 2019 година беше избран киргистанскиот град Ош

1109381
Киргистанскиот град Ош избран за културна престолнина на турскиот свет за 2019 година

На седницата на затворањето на состанокот на 36-тата сесија на постојаниот совет на министрите за култура на Меѓународната организација за турска култура (ТУРКСОЈ), за културна престолнина на турскиот свет за 2019 година беше избран киргистанскиот град Ош. 

Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој во говорот што го одржа на седницата на затворањето на состанокот на 36-тата сесија на постојаниот совет на министрите за култура на Меѓународната организација за турска култура (ТУРКСОЈ), во историскиот Куршунлу Хан во градот Кастамону истакна дека задачата за воспоставување на координацијата му е доделена на Киргистан. 

Укажувајќи на тоа дека следниот состанок ќе се одржи во градот Ош во Киргистан, министерот Ерсој рече: „Иншаллах (со Аллахова помош) сите заедно повторно ќе се состанеме таму.“

Генералниот секретар на ТУРКСОЈ Дусен Касеинов пак во својот говор соопшти дека за културна престолнина на турскиот свет за 2019 година е избран киргистанскиот град Ош и ги покани сите идната година да се состанат во овој град.

Велејќи дека во Киргистан ќе се реализираат различни активности во врска со Шејх Шабан-и Вели, Касеинов рече: „Во културната престолнина на турскиот свет Ош ќе се одржи голема конференција во врска со Шејх Шабан-и Вели. 2019 година ќе биде година на Ашик Вејсел (турски народен поет-трубадур) и на познатиот азербејџански поет Имадеддин Несими.“

На програмата во чии рамки беше отворена изложбата на фотографии на ТУРКСОЈ, беа потпишани одлуките и завршната декларација на состанокот на 36-тата сесија на постојаниот совет на министрите за култура на ТУРКСОЈ.  

На крајот на програмата, од страна на губернијата на Кастамону на министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој и претставниците од турскиот свет кои учествуваа на состанокот им беа доделени плакети. 

Освен тоа им беа доделени наградите и на успешните учесници на натпреварот за расказ на тема „Кашгарли Махмут“ (познат по неговите трудови и истражувања во врска со турските јазици).

 



Слични вести