Балетската претстава „Пири Реис“ ќе биде прикажана пред љубителите на уметноста во Тајланд

Балетската претстава „Пири Реис“ чија светска премиера беше одиграна во 2014 г. во Државната опера и балет во Мерсин и која од страна на Државната опера и балет во градот Самсун (САМДОБ) се одигрува оваа сезона, на 20 декември ќе биде одиграна во Тајланд

1109270
Балетската претстава „Пири Реис“ ќе биде прикажана пред љубителите на уметноста во Тајланд

Балетската претстава „Пири Реис“ ќе биде одиграна пред љубителите на уметноста во Тајланд.

Според објавеното писмено соопштение од Државната опера и балет во градот Самсун (САМДОБ), балетската претстава „Пири Реис“ чија светска премиера беше одиграна во 2014 година во Државната опера и балет во градот Мерсин и која од страна на Државната опера и балет во градот Самсун (САМДОБ) се одигрува оваа сезона, на 20 декември ќе биде одиграна во Националниот театар на Тајланд, во главниот град Банкок. 

Министерството за култура и туризам на Република Турција и Министерството за култура на Кралството Тајланд во септември 2018 година потпишаа Декларација за добра волја за одржување на взаемна година на културата со што беа започнати манифестациите за взаемна година на културата помеѓу Турција и Тајланд во 2018 година.

Во тие рамки овие манифестации ќе завршат на 20 декември со одигрување на балетската претстава „Пири Реис“.

Во балетската претстава се раскажува со визуелно шоу и визуелна атракција животот на познатиот османлиски морепловец и картограф Мухјиддин Пири Беј, познат по името Пири Реис.

Автор на музиката на балетската претстава е Џан Атилла, а кореографијата и либретото се на Армаган Давран и Волкан Ерсој.

 



Слични вести