Недела на турски филмови во Виена, Австрија

Директорката на Институтот Јунус Емре (ЈЕЕ) во Виена Ајше Јорулмаз истакна дека оваа манифестација која што се одржува за прв пат во Австрија презентира невидена можност за Австријците кои сакаат одблизу да ја запознаат турската кинематографија

1106321
Недела на турски филмови во Виена, Австрија

Во главниот град на Австрија, Виена, започна Неделата на турски филмови во организација на Институтот Јунус Емре (ЈЕЕ) во чии рамки пред љубителите на кинематографијата ќе бидат пријкажани наградени филмови од турската кинематографијата.

Директорката на Институтот Јунус Емре (ЈЕЕ) во Виена Ајше Јорулмаз истакна дека во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани турски филмови кои се наградени со престижни награди на меѓународни фестивали.

Освен тоа Ајше Јорулмаз привлече внимание кон тоа дека оваа манифестација која што се одржува за прв пат во Австрија презентира невидена можност за Австријците кои сакаат одблизу да ја запознаат турската кинематографија.

Неделата на турски филмови во Виена започна со филмот „Син велосипед“ во режија на Умит Ќорекен кој беше прикажан во кино салата „Artis International“, која е една од историските киносали на Австрија.

Манифестацијата ќе трае до 15 декември, во сабота.

друиги турски филмови кои што ќе бидат прикажани пред љубителите на кинематографијата во Виена во рамките на манифестацијата се филмот „Сон“ (Rüya) на познатиот режисер Дервиш Заим, „Каландарски студ“ (Kalandar Soğuğu) на Мустафа Кара и „Пченица“ (Buğday) на Семих Капланоглу.

 



Слични вести