Недела на сеќавање на Мевлана и Шеб-и Арус
Годинава се одбележуваат 745 години од смртта на едниот од најсаканите верски личности на Анадолија, познат мислител, хуманист, поет, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми

Со почит се сеќаваме на Мевлана Џелаледдин-и Руми, како еден од најсаканите верски личности на Анадолија, мислител, хуманист, поет, мистик и суфија.
Годинава се одбележуваат 745 години од смртта на големиот Мевлана или како што вели и Тој самиот средба со саканиот. Зборовите на Мевлана и ден денес продолжуваат да одекнуваат и да се ценат насекаде во светот, а не само во нашата земја.
На церемониите Шеб-и Арус во градот Конја кои што се одржуваат секоја година на 17 декември доаѓаат илјадници лица од целиот свет со што одговараат на оној негов познат повик „Дојди, кој и да си дојди, повторно дојди“.
По повод 745-годишнината од смртта на Мевлана уште еднаш се сеќаваме на оваа голема личност, кој го изнесува на преден план човекот и го осветлува светот со неговата филозофија и неговото учење.
Слични вести

19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празник на младоста и спортот се слави со голема радост
103 години како гори факелот што го запали Ататурк во Самсун на 19 мај 1919 година