На годинашните манифестации Шеб-и Арус во Конја учествуваат голем број домашни и странски гости

На годинашните манифестации Шеб-и Арус во Конја по повод Неделата на сеќавање на големиот турски мислител, хуманист, поет, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми учествуваат голем број домашни и странски гости

1105011
На годинашните манифестации Шеб-и Арус во Конја учествуваат голем број домашни и странски гости

По повод 745-годишнината од смртта на големиот турски мислител, хуманист, поет, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми или како што Тој самиот вели "средба со саканиот", исто како и секоја година така и оваа година се одржуваат низа манифестации и програми.

Со различни манифестации во градот Конја заврши четвртиот ден од  Меѓународните церемонии на сеќавање на Мевлана на 745-годишнината од неговата смрт (неговата средба со саканиот) кои што оваа година се одржуваат на тема "Време за Селам (Поздрав)".

На церемониите на сеќавање кои што се одржуваат секоја година во периодот од 7 до 17 декември, и оваа година учествуваат илјадници домашни и странски гости.

Гостите покажуваат голема заинтересираност и кон промотивните штандови на различни личности, установи и организации кои што се отворени на саемскиот простор на Културниот центар Мевлана во рамките на манифестациите.

Воедно во рамките на работилниците кои што се одржуваат секоја вечер во текот на манифестациите на саемскиот простор на Културниот центар Мевлана, мајсторот за изработка на музичкиот инструмент неј (сличен на флејта) Ахмед Шахин имаше презентација пред посетителите во врска со уметноста на изработка на нејот.

Во салата на културниот центар за Сема Мевлана хорот на историска турска музика чиј солист беше познатиот пејач Ахмет Озхан приреди концерт на тасавуфска, односно суфиска музика. 

По говорот на истражувачот Омер Тугрул Инанчер посветен на познатото дело на големиот турски мислител, хуманист, поет, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми „Месневи“, од страна на хорот на Турската тасавуфска музика на Конја беше презентиран танцот т.ј. ритуалот сема кога на сцената настапија мевлевиските дервиши Семазени, односно мевлевиските дервиши кои се вртат во круг.

Кон оваа манифестација покажаа голема заинтересираност голем број домашни и странски гости.

Поради тоа што на оваа програма учествуваа голем број ирански туристи презентацијата освен на турски и англиски јазик, беше одржана и на персиски јазик.

 



Слични вести