Парчињата на мозаикот „Малата циганка“ од САД конечно се донесени во Турција

Согласно потпишаниот договор пред 5 години помеѓу Министерството за култура и туризам на Турција и Државниот универзитет Боулинг Грин 12 парчиња од мозаикот „Малата циганка“ од САД беа донесени во Истанбул, а оттука беа испратени во ргадот Газиантеп

1096465
Парчињата на мозаикот „Малата циганка“ од САД конечно се донесени во Турција

Парчињата на мозаикот „Малата циганка“ кои што беа изложувани во Државниот универзитет Боулинг Грин во сојузната држава Охајо во САД, конечно се донесени во Турција.

Согласно потпишаниот договор пред 5 години помеѓу Министерството за култура и туризам на Турција и Државниот универзитет Боулинг Грин, 12 парчиња од мозаиците на Зеугма им беа предадени со церемонија на турските надлежни и беа испратени на аеродромот во градот Чикаго во САД.

Парчињата на мозаикот беа внимателно качени во авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс).

Парчињата пристигнаа на аеродромот Ататурк во Истанбул и оттука повторно со авион беа испратени во градот Газиантеп.

Мозаиците на Зеугма беа распарчени за време на дивите ископувања во локалитетот со урнатини и остатоци Зеугма на 10 километри од Маалото Белкис кај населеното место Низип во округот на Газиантеп во 1960-сетите години, и оттука по илегални патишта беа изнесени во странство. Во 1965 година од страна на Државниот универзитет Боулинг Грин беа купени од трговецот на историски дела по име Петер Марк за 35 илјади долари. Оттогаш овие парчиња од мозаикот „Малата циганка“ беа изложувани на влезот на Уметничкиот центар Волф во универизтетот, каде што беа поставени на падот и покриени со стаклен панел.

 



Слични вести