Во Москва организирана манифестација „Ден на турската култура“

Во главниот град на Русија Москва во соработка со Институтот Јунус Емре во Москва и Државниот Универзитет за хуманистички науки е организирана манифестација „Ден на турската култура“

1093646
Во Москва организирана манифестација „Ден на турската култура“

Во главниот град на Русија Москва е организирана манифестација „Ден на турската култура“.

На манифестацијата која што беше организирана во соработка со Институтот Јунус Емре во Москва и Државниот Универзитет за хуманистички науки освен амбасадорот на Турција во Москва Хусејин Дириоз, раководителот на Универзитетот професор доктор Ефим Пивовар, заменик ректорот професор доктор Вера Заботкина, директорот на Институтот Јунус Емре во Москва професор доктор Омер Озкан и директорот на руско-турскиот центар за едукација и истражување доцент доктор Александер Василјев, како и голем број  ученици, студенти. 

Гледачите ја гледаа со заинтересираност манифестацијата на која беше афирмирана Турција од страна на студентите кои студираат на Катедрата за туркологија на Универзитетот и беа читани примери од турската поезија, беа испеани примери од турски песни и беа раскажувани шеговите приказни од народниот хуморист Насреттин Хоџа, а беа презентирани и изработени и примери од ебру уметноста т.ј. уметност на сликање на вода.

Директорот на Институтот Јунус Емре во Москва професор доктор Омер Озкан во говорот што го одржа пред присутните на оваа манифестација „Ден на турската култура“ привлече внимание на тоа дека на Катедрата за туркологија на универзитетите во Русија студираат голем број студенти и дека со сите нив Институтот Јунус Емре е во блиска врска.

Велејќи дека и манифестацијата „Ден на турската култура“ се одржува во рамките на оваа врска, Омер Озкан рече: „За право секоја манифестација што ја организираме во врска со Турција и со турската култура се дочекува со заинтересираност. Следната година во Русија ќе се одржи „Година на Турција“ и обратно во Турција „Година на Русија“. Согласно тоа во 2019 година планираме уште голем број манивестации.“

 



Слични вести