Снегот на езерото Лимни во источноцрноморската област ги маѓепсува посетителите

Езерото Лимни кое се наоѓа во населеното место Торул кај градот Ѓумушане, во источно црноморската област се простира на падините на планината Зигана на историскиот Пат на свилата

1089571
Снегот на езерото Лимни во источноцрноморската област ги маѓепсува посетителите
limni.jpg
Limni gölü-9.jpg
limni golu.jpg

Природниот парк на езерото Лимни едниот од центрите за алтернативен туризам во источноцрноморската област, со својот изглед кога по снегот што паѓа поголемиот дел замрзнува презентира една навистина извонредна визуелна атракција.  

Езерото Лимни кое се наоѓа во населеното место Торул кај градот Ѓумушане, се простира на падините на планината Зигана на историскиот Пат на свилата.

Во ова кратерско езеро со надморска височина од 2.024 метри кое што било формирано на простор покриен со жолти борови и смрекови шуми, по врнежите од снег кои што два дена како го зафатија градот се формирани прекрасни панорами. 

Онаа прекрасна панорама на дрвјата во придружба на езерото и замрзнатото езеро во природниот парк каде што дебелината на снежната покривка достигнува до 50 сантиметри, се одразија на снимките снимени со дрон.

Во природниот парк кој што минатата година беше посетен од страна на над 100 илјади домашни и странски туристи за посетителите има еден ресторан и 22 шумски дворци за сместување.

Езерото Лимни освен големиот број домашни туристи, претставува значајно место кое што се посетува и од страна на голем број  странски туристи кои за туризмот во природа ја избираат источноцрноморската област.

Домашните и странските туристи кои го избираат за посета езерото Лимни, во придружба и на онаа извонредна маѓепсна панорама на снежното езеро уживаат во оној извонреден вкус на овдешното јагнешко месо специфично за подрачјето на Зигана, како и вкусниот чај подготвен во самовар.

 



Слични вести