Во Словачка откриени експонати од Османлискиот период

Директорот на музејот на тврдината Викторија Титонова рече дека една од најинтересните експонати беше каменот за намаз направен од глина кој припаѓа на шиитската секта

1083223
Во Словачка откриени експонати од Османлискиот период

Во рамките на археолошките ископувања во тврдината на словачкиот град Филаково беа откриени експонати од Османлискиот период.

Според веста на Словачката новинска агенција ТАСР, во рамките на археолошките ископувања во тврдината на словачкиот град Филаково кој во минатото одреден период се наоѓаше под Османлиска хегемонија, беа откриени експонати од 16 и 17 век.

Директорот на музејот на тврдината Викторија Титонова на прес конференцијата што ја одржа рече дека во рамките на археолошките ископувања во тврдината беа откриени различни видови керамичарски садови, сребрени пари и ножеви.

Во ископувањата беа откриени и некои експонати кои датираат од Османлискиот период, рече Титонова потенцирајќи дека една од најинтересните експонати беше каменот за намаз направен од глина кој припаѓа на шиитската секта. Овој експонат датира од 16 и 17 век и припаѓа на Османлиската империја, рече Титонова.



Слични вести