Серијата „Дирилиш Ертугрул“ од вечерва стартува на ТРТ 1 во својата нова петта сезона на емитување

Првото продолжение од новата петта сезона на телевизиската серија „Дирилиш Ертугрул“ (Воскреснување: Ертугрул) која соборува рекорди по гледаност и се емитува во 85 земји во светот ќе почне да се емитува од вечерва во 20:00 часот според турско време

1083332
Серијата „Дирилиш Ертугрул“ од вечерва стартува на ТРТ 1 во својата нова петта сезона на емитување

Серијата „Дирилиш Ертугрул“ (Воскреснување: Ертугрул) која се следи со голема заинтересираност на екраните на ТВ каналот ТРТ 1 на Турската радио и телевизија ТРТ и соборува рекорди по гледаност, со својот обновен глумечки кадар вечерва стартува во својата нова петта по ред сезона на емитување.

Првото продолжение од новата петта сезона на оваа телевизиска серија која привлекува внимание со својот декор, глумците, историските носии од тоа време (почетокот на формирањето на Османлиската држава) ќе се емитува на екраните на ТРТ 1 и ќе започне во 20:00 часот според турско време (18:00 часот според македонско т.ј. средноевропско време).  

Во новата сезона е изменет и декорот, а повторно се подготвени и историските носии во серијата во продукција на Текден филм, а чиј сценарист и продуцент е Мехмет Боздаг.

За новата сезона на „Дирилиш Ертугрул“ (Воскреснување: Ертугрул) чии рекламни инсерти се објавени, се работеше интензивно и од страна на екипа составена од приближно 250 лица беше изграден еден нов град Согут, каде што е формирана Османлиската држава.

Во новата петта сезона од своето емитување на оваа серија чиј број на гледачи во Турција и во светот достигна дури до 3 милијарди луѓе и која досега е преведена на 25 јазици е променат и глумечкиот кадар и тоа за околу 60 насто.

Во серијата чиј режисер е Метин Ѓунај настапуваат глумци како што се Енгин Алтан Дузјатан, Хулја Дарџан, Илкер Аксум, Ханде Сорал, Џенгиз Џошкун, Нуреттин Сонмез, Ајберк Пекџан, Кајра Шеноџак, Ариф Дирен, Бурчин Абдуллах, Орчун Ијнемли, Емре Учтепе, Керем Бекишоглу, Али Бухара Мете, Дидем Балчин.

Телевизиската серија која се емитува на екраните на ТРТ 1 на Турската радио и телевизија ТРТ и се гледа со голема заинтересираност и воодушевување во 85 земји во кои се емитува, со новото плато, новиот декор и ниовите глумци кои се приклучени се очекува да продолжи да се гледа со голема заинтересираност и да соборува рекорди по гледаност и во новата сезона

 



Слични вести