Недела на латиноамерикански филмови во Анкара

Гостите првиот ден на манифестацијата имаа можност да го гледаат бразилскиот филм „Депонија“

1081781
Недела на латиноамерикански филмови во Анкара

Во Анкара започна 2-та манифестација „Недела на латиноамериканските филмови“ што се одржува под покровителство на амбасадите на латиноамериканските држави и Карибите.

На манифестацијата која што амбасадите на латиноамериканските земји и Карибите ја одржуваат во Центарот за современи уметности учествуваа новиот амбасадор на Турција во Бразил Мурат АТеш, амбасадорот на Бразил во Анкара Едуардо Рикардо Градилоне Нето, амбасадорот на Куба во Анкара Луис Алберто Аморос Нунез и голем број претставници на дипломатските мисии.

Гостите првиот ден на манифестацијата имаа можност да го гледаат бразилскиот филм „Депонија“.

Во рамките на манифестацијата што ќе продолжи на 7, 11 и 21 ноември во Анкара, освен филмови од Бразил, гостите ќе имаат можност да проследат уште девет филмови од Колумбија, Куба, Мексико, Аргентина, Коста Рика, Перу, Чиле и Венецуела.



Слични вести