ТРТ добитник на 8 награди

Спикерот доајен на ТРТ Зафер Кираз на манифестацијата ја доби наградта за најдобар машки спикер на информативна програма

1077174
ТРТ добитник на 8 награди

ТВ-канали на Турската радио телевизија (ТРТ) повторно на дневниот ред од аспект на супешните емисиии програми.

На годинашново доделување на „Наградите на главниот град“ на ТРТ и беа доделени 8 награди.

На манифестацијата „Наградите на главниот град“ (Başkent Ödülleri) што се одржа под покровителство на Црвениот Турчин (Kırmızı Türk) и Гласот на медиумите (Medya Sesi) во Анкара на добитниците и беа доделени наградите.

Спикерот доајен на ТРТ Зафер Кираз на манифестацијата ја доби наградата за најдобар машки спикер на информативна програма.

За најдобра спикерка беше избрана Џанан Јенер Речбер.

За најдобра спикерка на ноќни вести беше избрана Оја Ерен.

За најдобра спикерка на спортски информации беше избрана Букет Севинч Ајкин.

За најдобра спикерка која известува од парламентот беше избрана Хандан Мусаоглу.

За најдобар машки радио водител беше избран Хакан Урганџи радио водителот на ТРТ ФМ, додека за најдобра радио програма - програмата „“Двојна тарифа“.

Наградата за најдобра музика на годината ја освои ТВ-канал ТРТ Турќу (ТРТ песни).



Слични вести