Сликата на Трамп со поранешните претседатели предизвика полемики на социјалните мрежи

Некои корисници на социјалните мрежи го изнесоа ставот дека сликата била многу евтина, додека некои пак упатија пофалби на сметка на сликарот

1069829
Сликата на Трамп со поранешните претседатели предизвика полемики на социјалните мрежи

Сликата со поранешните претседатели на иста маса која што американскиот претседател Доналд Трамп ја закачи на еден од ѕидовите на Белата куќа предизвика полемики на социјалните мрежи.

Сликата беше приметена од страна на гледачите за време на интервјуто на Трамп за ТВ-каналот ЦБС.

На сликата може да се види како Трамп на иста маса седи со поранешните претседатели Абрахам Линколн, Роналд Реган и Ричард Никсон од редовите на Републиканците.

Сликата „Клубот на Републиканците“ на сликарот Енди Томас на претседателот Трамп му беше подарена од страна на конгресменот Дарел Иса.

Сликарот Томас ја има и верзијата на демократските претседатели.

Некои корисници на социјалните мрежи го изнесоа ставот дека сликата била многу евтина, додека некои пак упатија пофалби на сметка на сликарот.



Слични вести