Централната џамија во Келн ќе биде свечено отворена утре од страна на претседателот Ердоган

Завршени се сите подготовки за утрешното свечено отворање на Централната џамија во градот Келн во Германија која ќе биде отворена од страна на претседатеот Р. Т. Ердоган

1058874
Централната џамија во Келн ќе биде свечено отворена утре од страна на претседателот Ердоган
koln camisi 1.jpg
koln merkez cami.jpg
koln camisi.jpg
koln camisi 2.jpg

Централната џамија во градот Келн во Германија изградена од страна на Турско-исламската унија за верски прашања (DİTİB) ќе биде свечено отворена утре од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Завршени се сите подготовки за утрешното отворање на оваа џамија која со својот транспарентен свод (кубе) висок 36,5 метри и двете елегантни 45 метарски минариња кои што се издигнуваат покрај сводот располага со модерна архитектра и во која во ист момент можат да клањаат 1.250 лица.

За изградба на градба која што ќе биде во усогласеност со силуетата на градот Келн и ќе му придаде архитектонско богатство на градот во 2005 година со учество на 111 архитекти беше организиран меѓународен натпревар за подготвување на проект. На крајот на натпреварот првото место го освои проектот на германскиот архтет Паул Бохм, кој ја симболизираше транспарентноста на Турско-исламската унија за верски прашања (DİTİB) и тоа дека вратите на џамијата се отворени за секого. Над овој избран проект беа направени одредени измени и со нејзиниот дизајн со транспарентен изглед се појави една попривлечна градба.

Џамијата изградена на простор од 6 хектари е во вид на куллије (комплекс од градби) кое во себе го содржи и седиштето на Турско-исламската унија за верски прашања (DİTİB) и располага со вкупна површина од 17 илјади квадратни метри. Има 9 врати (влезови) од кои една голема и 8 мали, а лустерот на џамијата е со пречник од 26 квадратни метри и тежок еден тон. 

Во рамките на куллијето, односно комплексот од градби, се наоѓаат купопродажен и трговски центар, клубови за жени и мажи, сала за изложба и семинари, конференциска сала за 600 лица, голема библиотека и канцеларии. Надворешната страна на џамијата располага со транспарентна и модерна структура од стакло и бетон, додека на долниот спрат има паркиралиште за 120 возила.

Централната џамија во Келн наидува на прилив од посетители муслимани, школски групи и туристи кои доаѓаат во градот Келн од сите страни од Германија и од други градови на Европа.

Џамијата успеа да влезе меѓу симболите на Келн кој што е едниот од најстарите градови на Европа и наидува на голема заинтересираност од страна на туристите припадници на различни народи.

 



Слични вести