Три номинации од Турција за Еми наградите

Турските телевизиски серии „Истанбулска невеста“ и „Храбар и убава“ се номинирани за Еми награда во категоријата Теленовела, а актерот Толга Сариташ е номиниран за Еми награда во категоријата машки перформанс по глума

1058469
Три номинации од Турција за Еми наградите

За Меѓународните Еми награди Еми во САД годинава се номинирани и две продукции и еден перформанс по глума од Турција.

Телевизиската серија „Истанбулска невеста“ (İstanbullu Gelin) во режија на Зејнеп Ѓунај Тан и Дениз Колош е номинирана во категоријата Теленовела.

Во истата категорија е номинирана и телевизиската серија „Храбар и убава“ (Cesur ve Güzel) која го одигра своето финале на 22 јуни 2017 година.

Во категоријата Теленовела минатата година доби награда турската телевизиска серија „Црна љубов“ (Kara Sevda).

Во меѓувреме, главниот глумец на телевизиската серија „Збор“ (Söz) Толга Сариташ е номиниран во категоријата машки перформанс по глума. 

Топлга Сариташ за награда ќе се натпреварува со Хулио Андрале од Бразил, Били Кемпбел од Канада и Ларс Микелсен од Данска.

Церемонијата на доделување на Меѓународните Еми награди ќе се одржи на 19 ноември во Њујорк.

 



Слични вести