Дефиле на турски и бугарски традиционални носии во Софија

Дефилето во организација на Амбасадата на Турција во Бугарија чиј беше и домаќин, се одржа во Централната армиска сала под насловот „Споделено минато, заедничка иднина“

1057469
Дефиле на турски и бугарски традиционални носии во Софија

Во главниот град на Бугарија, Софија беше приредена модна ревија на која беше презетирана креација  подготвена со инспирација од турската и бугарската култура на традционално облекување.

Дефилето во организација на Амбасадата на Турција во Бугарија чиј беше и домаќин, се одржа во Централната армиска сала под насловот „Споделено минато, заедничка иднина“.

На дефилето со кое се имаше за цел да се промовира културната блискост на народните носии на народите на Турција и Бугарија беа изложени креациии на модниот креатор Ахмет Озџејхан. 

Амбасадорот на Турција во Бугарија Хасан Улусој истакна дека амбасадата во Софија работи на развивање на културата на соживот помеѓу двата народи во сите сфери.

Сопругата на амбасадорот Хасан Улусој, Дидем Улусој пак, објасни дека со ова дефиле се имаше за цел да се достигне до заедничката култура на двата народи.

Модниот креатор Ахмет Озџејхан исто така нагласи дека како моден креатор и придава големо значење на презентацијата на минатото и сегашноста на Турција и на турската култура. 

Дефилето освен бившиот бугарски крал Симеон Сакскобурготски и неговата сопруга Маргарита, го гледаа и претставници на водечките деловни, културни, уметнички и модни средини на Бугарија.

На крајот на дефилето учесниците му аплаудираа на нозе на модниот креатор Ахмет Озџејхан.



Слични вести