Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим го посети историскиот град Самарканд

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим кој престојува во Узбекистан го посети историскиот град Самарканд, а денеска ќе посети еден друг историски град Бухара

1057066
Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим го посети историскиот град Самарканд

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим по своите остварени средби и разговори во главниот град на Узбекистан Ташкент, замина за Самарканд и го посети овој историски град.  

Бинали Јилдирим и делегацијата во негова придружба на аеродромот во Самарканд беа пречекани од страна на претседателот на Законодавното собрание на Узбекистан Нуридинџан Исмаилов и гувернерот на Самарканд Еркинџан Турдимов.

Во овој историски град Јилдирим најпрвин го посети турбето на покојниот узбекистански претседател Ислам Керимов каде што положи свежо цвеќе и читаше дова (молитва).

Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим заедно со својата сопруга Семиха Јилдирим потоа го посети куллијето (комплексот од градби) на Имам Бухари и притоа не сакаше да се заколе овцата која што беше донесена како жртвено животно (адак) и ја подари оваа овца.

Јилдирим во турбето на Имам Бухари читаше дова (молитва), а потоа  во рамките на програмата го посети турбето на Имам Матуриди.

Потоа пак го посети куллијето (комплексот од градби) „Гури Емир“ каде што се наоѓа гробот на Емирот Тимур (Тамерлан) кој се оценува за еден од најголемите освојувачи во историјата . 

Бинали Јилдирим пред картата на државата на Емирот Тимур (Тамерлан) која се наоѓа во куллијето беше информиран во врска со државата на Тимур (Тимуридската империја) и притоа се пошегува со претседателот на Законодавното собрание на Узбекистан Нуридинџан Исмаилов од чија страна беше придружуван на кого алудирајќи на војната помеѓу Емирот Тимур и Јилдирим Бејазит му го рече следното: „И покрај тоа што нашите дедовци војуваме ние сме ортаци.“ 

Јилдирим потоа во историскиот град Самарканд ги посети и плоштадот Регистан и медресите Улугбек и Тилла Кари и разговараше со турските граѓани со кои се сретна овде.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим и делегацијата во негова придружба својата посета на Узбекистан денеска ќе посети еден друг историски град Бухара.

 



Слични вести