Емине Ердоган: Турција е најефикасната земја во интервенцијата при елементарни непогоди во светот

Г-ѓа Емине Ердоган на панелот „Улогата на Турција против денешните хуманитарни предизвици“ во организација на огранокот во Washington DC на Фондацијата СЕТА истакна дека Турција е најефикасната земја во интервенцијата при елементарни непогоди во светот

1056292
Емине Ердоган: Турција е најефикасната земја во интервенцијата при елементарни непогоди во светот

Емине Ердоган, сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кого го придружува во Њујорк каде се наоѓа по повод седниците на 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН), говореше на панелот „Улогата на Турција против денешните хуманитарни предизвици“ во организација на огранокот во Washington DC на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА).

Притоа Емине Ердоган истакна дека визијата на Турција за хуманитарна помош не се потпира на кредити, туку целосно на доставување на хуманитарна помош во вистинска смисла на зборот.

Г-ѓа Ердоган привлече внимание на големите болки и страдања кои што ги доживуваат луѓето кои живеат под притисок и зулум во Сомалија, Јемен, Сирија, Газа, Мјанмар.

Алудирајќи на извештајот за глобална хуманитарна помош Таа објасни дека во 2017 година имаат потреба од хуманитарна помош приближно 201,5 милиони лица, но додаде дека вистинската бројка е многу поголема.

Емине Ердоган истакна дека бројот на бегалците кои се згрижени во градот Килис на Турција е поголем од бројот на турските граѓани во овој град и напомена дека Килис е во руво во симболична смисла каде што кога се во прашање жените и децата кои бегаат од бомбите се оставени на страна сите пресметки и е град преплавен со милост.

Г-ѓа Ердоган потсети дека освен тоа Турција прави се што е во нејзина можност по прашањето на доставување хуманитарна помош на голем број земји во Африка и во Мјанмар и Газа.

Велејќи дека лично ги виде на лице место човечките трагедии кои што се доживуваат во Пакистан, Сомалија и Мјанмар, Емине Ердоган нагласи дека меѓународната заедница падна на испит по прашањето на доставување помош на загрозените кои имаат потреба од хуманитарна помош во сиве овие земји. 

Таа подвлече дека Турција е најефикасната земја во интервенцијата при елементарни непогоди во светот и потсети дека Таа освен тоа што им обезбедува места за сместување на Сиријците се обидува и да ги обучува жените за да се стекнат со различни занимања за да се одржат во живот во камповите каде што повеќето од половината го сочинуваат жени и деца.

Емине Ердоган појасни дека Турција на ист начин дава поддршка во обучување и доставување помош во опрема за да обезбеди да го откријат својот потенцијал луѓето и во Африка.

По говорот на сопругата на претседателот Ердоган госпоѓа Емине Ердоган на говорницата излезе големата ќерка на Малколм Икс, Елјеса Шахбаз која го својот говор нагласи дека Турција служи за пример по прашањето на хуманитарната помош.

„Татко ми велеше 'ако го научите еден маж нешто ја едуцирате една заедница, а ако ја научите нешто една жена ја едуцирате целата нација'. Чувствувам гордост од тоа што ноќва сум заедно со оваа извонредна жена, мојата хероина убавата Фирст Лејди.“

 



Слични вести