Ибрахим Калин учествуваше на отворањето на изложбата „Џингиз Ајтматов“ во седиштето на ОН во Њујорк

Во библиотеката „Dag Hammarskjold“ во седиштето на ОН е отворена изложбата „Џингиз Ајтматов“ во чии рамки се изложуваат делата на светски познатиот киргиски писател Џенгиз Ајтматов, а чиј домаќини се Киргистан, Турција и Русија

1056402
Ибрахим Калин учествуваше на отворањето на изложбата „Џингиз Ајтматов“ во седиштето на ОН во Њујорк

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин учествуваше на отворањето на изложбата „Џингиз Ајтматов“ во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.

Во библиотеката „Dag Hammarskjold“ во седиштето на ОН е отворена изложбата „Џингиз Ајтматов“ во чии рамки се изложуваат делата на овој светски познат киргиски писател, а чиј домаќини се Киргистан, Турција и Русија.  

На отворањето учествуваше и Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот Ердоган, кој престојува во Њујорк по повод седниците на 73-тото заседание на Генералното Собрание на ОН.

Во говорот што го одржа во оваа пригода Ибрахим Калин привлече внимание на тоа дека Џингиз Ајтматов е мошне значајна личност во турската култура, книжевност и историја, а воедно напомена дека неговите дела ги претставуваат традициите на Централна Азија и овие традиции се споделуваат и надвор од Киргистан на една поширока географија.

Калин објасни дека Ајтматов чии дела се преведени на повеќе од 170 јазици не само што е познат писател Тој воедно е и мошне успешен дипломат кој кој вршел големи услуги за својата земја во текот на 20 години.

Потоа, Ибрахим Калин заедно со киргискиот претседател Соронбај Џенбеков ја прошета изложбата.

Во рамките на изложбата се изложуваат и постери на филмот „Девојката со црвена шамија“ (Selvi Boylum Al Yazmalım) кој беше пренесен на белото платно со адаптација од романот на Ајтматов „Црвена шамија“, како и една сликана фотографија на Џингиз Ајтматов со покојниот 9-ти претседател на Турција Сулејман Демирел.

 



Слични вести