Истанбулскиот меѓународен фестивал по кларинет заврши со концертот на Деспина Ванди

Моќниот глас на грчката музика Деспина Ванди на сцената на Истанбулскиот меѓународен фестивал по кларинет беше придружувана од оркестар составен од 9 лица, а на крајот на концертот и се приклучи виртуозот на кларинет Серкан Чагри

1051737
Истанбулскиот меѓународен фестивал по кларинет заврши со концертот на Деспина Ванди

Истанбулскиот меѓународен фестивал по кларинет на кој што настапија светски познати имиња заврши со концертот на моќниот глас на грчката музика Деспина Ванди.

Таа на сцената беше придружувана од оркестар составен од 9 лица, а на крајот на концертот и се приклучи виртуозот на кларинет Серкан Чагри.

Фестивалот се одржа на Сцената под отворено небо Харбије Џемил Топузлу и под водство на Локалната градска самоуправа на Истанбул и Здружението уметност за општеството.

Во текот на 9 дена колку што траеше на фестивалот настапија пред слушателите и гледачите голем број познати музичари.

На Истанбулскиот меѓународен фестивал по кларинет кој годинава се одржа по седми пат и покрај тоа што станува збор за кларинетот имаше настапи со различни музички инструменти и беа интерпретирани различни мелодии. 

Слоганот на фестивалот гласеше „Луѓето земаат здив.“



Слични вести