Шпанската пеачка Буика одржа концерт во Истанбул

Буика песните ги испреплетува со звуците на фламенко, џез и соул музиката

1051228
Шпанската пеачка Буика одржа концерт во Истанбул

Пеачката Буика допатува во Истанбул допатува во рамките на 7-от Меѓународен фестивал за кларинет кој годинава се одржува под мотото „Истанбул дише“ и песните ги испеа на концертот што се одржа на сцената под отворено небо Харбије Џемал Топуз.

Пеачката Буика на сцената остана скоро два часа и потсети дека покрај тоа што и порано има дојдено и одржано концерт во Турција, посебно и се заблагодарува на турската публика за срдечното добредојде.

Буика песните ги испреплетува со звуците на фламенго, џез и соул музиката. На концертот испеа 14 песни меѓу кои и најпопуларните како што се "No Habra Nadie En El Mundo", "Falsa Moneda", "Tiger Eyes" ve "Nostalgia".

Пеачката Буика на сцената беше придружувана од 4 член оркестар додека на крајот беше придружувана и од виртуозот на кларинет Серкан Чагри.

Буика е добитник на наградата Латинско Греми за најдобар тропикански албум, додека во 2010 година од страна на NPR беше избрана за еден од извонредните 50 гласови.



Слични вести