ТРТ Ворлд првпат кандидат за наградата Еми

Епизодата „Тивка смрт“ лани ја доби наградата за Меѓународни новинарски истражувања во Италија

1027854
ТРТ Ворлд првпат кандидат за наградата Еми

Првиот турски ТВ-Канал на англиски јазик ТРТ Ворлд за прв пат кандидат за наградата Еми, позната како телевизиски Оскар.

Во соопштението кое беше објавено од страна на ТРТ Ворлд, епизодата „Тивка смрт" на документарната серија „Надвор од мрежата“ (Off the Grid), во која се зборува за трговијата со човечки органи на Блискиот Исток е годинашен кандидат за Еми награда во категоријата „Програма на актуелни вести“.

На тој начин ТРТ Ворлд првпат ќе се натпреварува со седум други номинирани содржини на најпрестижните телевизиски канали во светот.

Наградата ќе биде доделена на 1 октомври во Њујорк.

„Тивка смрт“ лани ја доби наградата за Меѓународни новинарски истражувања во Италија.

Во документарната серија се зборува за животот на бегалците кои ги продаваат органите за да ги прехранат своите семејства. Во серијата исто така се зборува за жртвите, како и за трговците со луѓе.

Документарниот филм на ТРТ Ворлд за животот во сириските подрачја кои од страна на турските војници ослободени од терористи на ДЕАШ претходно ја освои наградата за „најдобра продукција“ на фестивалот BroadcastPro во Дубаи.



Слични вести