Во Турција сме слободни

Малцинските заедници во Турција ги отфрлија тврдењата за притисоци

1023359
Во Турција сме слободни

Претставниците на малцинските верски заедници во Турција, предводени од партијархот на грчката православна црква Вартоломеј, архиепископот на ерменската црква Арам Атесјан, како и главниот рабин на ерврејската заедница Исак Халева, со заедничка декларација за јавноста ги отфрлија тврдењата за притисоци врз малцинските верски заедници во Турција.

Во декларацијата беше истакнато дека во последно време, во одредени политички изјави што можеа да се прочитаат и чујат во јавноста се појавија тврдења дека припадниците на различни малцински заедници во Турција се изложени на ограничувања и притисоци во врска со вршењето на верските служби и обврски, поради што претставниците на малцинските заедници се огласија со соопштение за јавноста во кое порачуваат дека во таа земја со векови коегзистираат различни верски заедници.

„Како претставници на верските заедници кои во нашата земја коегзистираат со векови, со целосна слобода ги практикуваме нашите верски обврски и во целосна слобода ја живееме нашата религија. Сите тврдења за притисоци се неосновани и злонамерни“, се порачува во соопштението.

Како што се истакнува, многу потешкотии од минатото со време решени, а сите прашања кои бараат решение се „постојан предмет на состаноци со претставниците на институциите на нашата држава. Сметаме за потребно и за обврска да ја известиме јавноста за вистинската состојба и тоа го правиме преку оваа заедничка декларација,



Слични вести