Иванка Трамп го затвора истоимениот моден бренд

Иванка своевремено предизвика голем број контроверзии, бидејќи за време на кампањата на нејзиниот татко ја носеше облеката од сопствената компанија и тоа за време на службени говори и интервјуа

1019235
Иванка Трамп го затвора истоимениот моден бренд

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти дека ја затвора својата модна компанија за да може да ја продолжи кариерата во политиката.

Иванка, која е ангажирана како висока советничка на нејзниот татко, одлучи да ја затвори компанијата што произведуваше облека и модни додатоци.

„Кога прв пат го покренавме овој бренд, никој не можеше да предвиди колкав успех ќе постигнеме. По 17 месеци во Вашингтон, не знам кога и дали некогаш ќе се вратам на работата, но знам дека мојот фокус во блиска иднина ќе биде работата што ја работам тука во Вашингтон, па донесувањето на оваа одлука моментално е единствен праведен исход за мојот тим и партнерите“, порача Иванка Трамп.

Таа додаде и дека е многу благодарна на сите во компанијата што го дале својот придонес за нејзината работа во претходниот период.

„Повеќе сум од благодарна за работата на неверојатниот тим кој инспирираше толкав број жени, а и мене лично. Иако нема да ја продолжиме мисијата заедно, знам дека секој од нив ќе напредува во следното поглавје од нивниот живот“, наведе Иванка.

„Со одлуката за затворање на компанијата“, како што откри еден од изворите, „ќе бидат погодени 18 лица“.

Иванка своевремено предизвика голем број контроверзии, бидејќи за време на кампањата на нејзиниот татко ја носеше облеката од сопствената компанија и тоа за време на службени говори и интервјуа.

Инаку, модната компанија што ја основа пред четири години, во краток период успеа да се најде на листата меѓу познатите светски брендови.



Слични вести