Премиерот на Јужна Кореја Ли Нак-јеон: Сите јужнокорејски граѓани треба да го гледаат филмот „Ајла“

Филмот „Ајла“ која пренесе на белото платно една вистинска животна приказна која што почнува во Кореја за време на војната и продолжува во Турција, почна да се прикажува во Јужна Кореја во 320 кино сали

1003151
Премиерот на Јужна Кореја Ли Нак-јеон: Сите јужнокорејски граѓани треба да го гледаат филмот „Ајла“

Премиерот на Јужна Кореја Ли Нак-јеон истакна дека сите јужнокорејски граѓани треба да го гледаат филмот „Ајла“.

Филмот „Ајла“ која пренесе на белото платно една вистинска животна приказна која што почнува во Кореја за време на војната и продолжува во Турција, почна да се прикажува во Јужна Кореја во 320 кино сали.

На прикажувањето на кое присуствуваше и премиерот на Јужна Кореја беа присутни и амбасадорот на Турција во Сеул Ерсин Ерчин, претстдателот на Универзитетот Деагу Син илхи, јужнокорејскиот дипломат Санг Ки Паик кој е корејски ветеран и долги години беше на должност во Турција, малото девојче Ким Сеол која настапува во улога на малечката Ајла и административниот продуцент на филмот Чаглар Ерџан.

Премиерот на Јужна Кореја Ли Нак-јеон  во дадената изјава по гледањето на филмот рече: „Не ги кријам моите солзи. Неверојатен и инспирирачки живот. Ајла треба да го гледаат сите наши корејски граѓани, треба да дадеме поддршка.“

Во филмот во режија на Џан Улкај, настапуваат познати актери како Исмаил Хаџиоглу, Ким Сеол, Четин Текиндор, Али Атасј, Мурат Јилдирим, Танер Бирсел, Алтан Еркекли, Мерал Четинкаја, Дамла Сонмез, Бушра Девели, Ерик Робертс, Ли Кјунг-Јин, Синем Услу и Еркан Петеккаја.

Во филмот во сценарио на Јигит Ѓуралп е адаптиран од една вистинска доживеана приказна се раскажува за приказната на турскиот подофицер Сулејман Дилбирлиги кој за време на Корејската војна наоѓа едно само мало 5-годишно девојче без своите родители на која потоа и го дава името Ајла.

Филмот уште еднаш го потсетува корејскиот народ за приказната на подофицерот Сулејман Дилбирлиги и малата Ајла која ја одгледува овој турски војник како своја ќерка и на младите генерации им раскажува за моќта на љубовта која ги надминува дури и времето и границите.



Слични вести