Европска дипломатска награда од Советот на Европа за 6 општини на Турција

6 општини на Турција и тоа Кахраманказан во Анкара, Шишли во Истанбул, Лулебургаз и Ахметбеј во Киркларели, Едремит во Баликесир и Сулејманпаша во Текирдаг станаа добитници на „Европска дипломатска награда“ на Советот на Европа

1002233
Европска дипломатска награда од Советот на Европа за 6 општини на Турција

Советот на Европа им додели „Европска дипломатска награда“ на 6 општини на Турција и тоа општина Кахраманказан во Анкара, општина Шишли во Истанбул, општините Лулебургаз и Ахметбеј во Киркларели, општина Едремит во Баликесир и општина Сулејманпаша во Текирдаг. 

Во Советот на Европа со седиште во францускиот град Стразбур беше организирана и церемонија на доделување на Европската дипломатска награда.

На церемонијата која што започна со концерт приреден од страна на специјалниот хор на Комитетот за европска награда, присуствуваа претставниците на 14 општини кои се стекнаа со право на добивање на наградата меѓу кои и функционерите на шест општини од Турција и тоа Кахраманказан, Шишли, Лулебургаз, Ахметбеј, Едремит и Сулејманпаша кои ги примија своите награди и одржаа поздравен говор пред присутните.

Инаку, добитниците на Европската дипломатска награда која што се доделува од 1955 година се избираат правејќи проценка на меѓународните проекти на општините, сфаќањето за партиципативна демократија, добрите односи кои што се развиваат со збратимените градови и применувања кои што можат да се прикажат како пример во сферите на урбанизацијата, животната средина, социо-културните и спортските активности.

Европската дипломатска награда се оценува како прв степен од Европската награда како награда од највисок степен која што се доделува во оваа сфера.

Другите степени пак кои водат до Европската награда се Европското почесно знаме и Европската почесна плакета.



Слични вести