Филмот „Ајла“ почна да се прикажува во Јужна Кореја

Филмот со кој беше пренесена на белото платно вистинската животна приказна која што започнува во Кореја и продолжува во Турција денеска (21 јуни 2018) почна да се прикажува во 320 кино сали во Јужна Кореја

997622
Филмот „Ајла“ почна да се прикажува во Јужна Кореја

Филмот „Ајла“ кој што беше претставен на белото платно со инспирација од настаните кои што ги доживеал турскиот подофицер Сулејман Дилбирлиги за време на Корејската војна, почна да се прикажува и во Јужна Кореја.

Премиерата за филмот „Ајла“ кој што се врати со награди од фестивали на кои  учествуваше во голем број земји во светот се одржа во CGV IP Park Mall во главниот град на Јужна Кореја Сеул и учествуваа 1.200 лица.

На приемот учествуваа режисерот Џан Улкај, Исмаил Хаџиоглу едниот од актерите кои ја споделуваат главната улога, потоа малото девојче актер во филмот Ким Сеол, вистинската Ајла хероина на оваа животна приказна 75-годишната Ким Еунја, амбасадорот на Турција во Сеул Ерсин Ерчим, министерот за одбрана на Јужна Кореја Сонг Јонг-Му и претседателот на Корејските ветерани Пи Ву-Јин.

Филмот со кој беше пренесена на белото платно вистинската животна приказна која што започнува во Кореја и продолжува во Турција денеска (21 јуни 2018) почна да се прикажува во 320 кино сали во Јужна Кореја.

Во филмот „Ајла“ во режија на Џан Улкај, настапуваат актерите Исмаил Хаџиоглу, Ким Сеол, Четин Текиндор, Али Атасј, Мурат Јилдирим, Танер Бирсел, Алтан Еркекли, Мерал Четинкаја, Дамла Сонмез, Бушра Девели, Ерик Робертс, Ли Кјунг-Јин, Синем Услу и Еркан Петеккаја.

Во филмот во сценарио на Јигит Ѓуралп е адаптиран од една вистинска доживеана приказна се раскажува за приказната на турскиот подофицер Сулејман Дилбирлиги кој за време на Корејската војна наоѓа едно само мало 5-годишно девојче без своите родители и никого на која потоа и го дава името Ајла.

Филмот уште еднаш го потсетува корејскиот народ за приказната на подофицерот Сулејман Дилбирлиги и малата Ајла која ја одгледува овој турски војник како своја ќерка и на младите генерации им раскажува за моќта на љубовта која ги надминува дури и времето и границите.

Филмот „Ајла“ се врати со награда од голем број фестивали на кои настапи. На Меѓународниот филмски фестивал Кејптаун ја доби наградата „за најдобро дејствие“, на Меѓународниот азиски филмски фестивал наградата „за најдобар филм“ и на 29-от Меѓународен филмски фестивал Палм Спрингс беше избран за „најдобар“.   

Филмот „Ајла“ на Меѓународниот филмски фестивал во Седона ги доби наградите за „најдобар странски филм“ и „најдобар на фестивалот“, од страна на кинематографската заедница Сан Диего за сезоната 2017-2018 му беше доделена наградата за „најдобар странски филм“, на Меѓународниот филмски фестивал Ричмонд ги доби наградите за „најдобра режија“ и „ѕвезда во подем“, а на 51-от филмски фестивал Хјустон Ворлдфест ја доби наградата за „најдобар странски филм-Платин Реми“.

 



Слични вести