Музејот Троја ќе се отвори во рамките на манифестацијата „2018 година на Троја“

Со отворањето на музејот во античкиот град се очекува посетеноста на Троја да се зголеми на над еден милион посетители

996860
Музејот Троја ќе се отвори во рамките на манифестацијата „2018 година на Троја“

Музејот на античкиот град Троја во Чанаккале (Дарданелите) кој има 5 илјада годишна историја а чија изградба заврши годинава се планира да се отвори во рамките на манифестацијата „2018 година на Троја“.

Свеченото отворање на музејот Троја во истоимениот антички град кој се наоѓа во рамките на границите на селото Тевфикије и кое годишно го посетуваат над 500 илјади посетители се планира да се отвори во рамките на свечената манифестација „2018 година на Троја“.

Заврши изградбата на музејот Троја чија изградба започна во 2014 година согласно проектот на Министерството за култура и туризам.

Изградбата на музејот кој се простира на површина од 10 илјади метри квадратни затворена површина вклучувајќи ги и изложбените сали чинеше околу 75 милиони турски лири.

Археолошките остатоци и предмети кои беа пронајдени во рамките на истражувањата во археолошкиот локалитет Троја и другите во Чанаккале (Дарданелите) и околината ќе бидат изложени на современ музеолошки начин.

Значењето на античкиот град Троја кој има 5 илјада годишна историја и во 1998 година од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) беше вброен на Списокот на светското културно и природно наследство уште повеќе ќе се зголеми со отворањето на музејот.

Со отворањето на музејот во античкиот град кој е познат како место каде што се водеше Тројанската војна во Илијадата, се очекува посетеноста на Троја да се зголеми на над еден милион посетители. Во тие рамки се планира да се обезбеди и враќањето на украдените предмети и богатства кои се наоѓаат во 44 земји.



Слични вести