Туристички атак кон Фригиската долина

Фригиската долина која е прогласена за природен парк ќе биде доведена во положба на значаен привлечен центар од аспект на туризмот во природа и спортскиот туризам

988106
Туристички атак кон Фригиската долина

Природниот парк Фригиска долина кој опфаќа еден широк простор со кој се опфтени Афјонкарахисар, Анкара, Ескишехир и Ќутахја со активностите кои што се реализираат во рамките на проектот за развивање на туризмот се има за цел да стана значаен привлечен центар.

Фригиската долина која од страна на министерството за шумарство и водостопанство е прогласена за природен парк, освен преуредувањата на животната околина и пејзажот и со активности како што се возење АТВ, кану, пајтон и кајакот на Кралот Мидас ќе биде доведена во положба на значаен привлечен центар од аспект на туризмот во природа и спортскиот туризам.

Во подрачјето кое што заедно со историските и културните вредности се појавува на преден план и со своите значајни природни убавини има и историски камени споменици и населби како и гробници и цркви од Римскиот и Византискиот период.

Во долината која секоја година е посетувана од страна на илјадници туристи продолжуваат започнатите активности за да се достигне до уште поголем број посетители и да се овозможи гостите да престојуваат подолго време во подрачјето.



Слични вести