ТРТ Ворлд со документарниот филм „Тивка смрт“ освои награда во Италија

Главна тема на документарната серија „Off the Grid“ (Надвор од мрежата) на ТРТ Ворлд е борбата за егзистенција на бегалците кои побегнаа од Сирија и борбата против органската мафија

986884
ТРТ Ворлд со документарниот филм „Тивка смрт“ освои награда во Италија

Наградата за Меѓународно истражувачко новинарство во Италија ја освои ТРТ Ворлд со документарниот филм „Тивка смрт“.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Турската радио и телевизија (ТРТ) беше истакнато дека ТРТ Ворлд со делот „Тивка смрт“ на документарната серија „Off the Grid“ (Надвор од мрежата) посветена на нечовечната трговија со органи на Блискиот Исток ја освои наградата за „Најдобро истражување“ меѓу најпрестижните истражувачки новинарски награди „Documentari Inchieste Giornalismi (DIG)“.

Во соопштението беше истакнато дека главна тема на документарната серија „Off the Grid“ (Надвор од мрежата) на ТРТ Ворлд која ја освои наградата на DIG Investigative Medium Award 2018, е борбата за егзистенција на бегалците кои побегнаа од Сирија и борбата против органската мафија.

Во документарната серија на виделина се изнесува тешката состојба со која се соочуваат бегалците во борбата за живот и кои со цел да однесат парче леб на семејството, се принудени да и продаваат дури органите. Во документарниот филм се изнесуваат тешкотиите со кои се соочуваат сириските бегалци во Либан, каде што не можат да најдат храна и место за домување, поради што за да опстанат, се принудени на различни патишта, па дури и да ги продаваат органите.

Вистинските приказни и интервјуата на Абу Ахмед и Абдалах за прехрана на своите семејства кои немаа друг излез освен да ги продадат своите органи ни покажуваат како биле вклучени во трговијата со органи, како не можеле да ги добијат парите кои им биле ветени за возврат на органите, стравотните детали во врска со здравствените проблеми со кои се соочија. Во документарниот филм се објавува и интервјуто на еден асистент по хирургија кој бил сведок на овие нелегални активности.

Во соопштението беше објавена и изјавата ан генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен кој рече:

„ТРТ продолжува со мисијата да биде глас на безгласните. Сакам да изразам посебна благодарност на жирито кое ја додели наградата на документарната серија „Тивка смрт“ преку која беше привлечено вниманието на светот кон трговијата со органи во Либија и тоа со сведоци како и бескрајната болка на сириските бегалци. Чувствуваме голема радост и среќа од наградите што ги освоивме во последно време и повторно им честитам и благодарам на сите колеги“.



Слични вести