Сликата „Жени крпат рибарски мрежи“ на Ван Гог продадена за 7 милиони евра

Аукцијата во Парис беше сцена на големо натегнување

986502
Сликата „Жени крпат рибарски мрежи“ на Ван Гог продадена за 7 милиони евра

Сликата „Жени крпат рибарски мрежи“ на светско познатиот холандски уметник Винсент Ван Гог продадена за 7 милиони евра.

Сликата која датира од 1882 година и која е позната по новиот приод во уметноста припаѓа на првиот период на творечкиот опус на Ван Гог.

Аукцијата во Парис беше сцена на големо натегнување.

Платното на Ван Гог кое се очекуваше да се продаде за цена од 3 до 5 милиони евра наеднаш се искачи на 6 милиони евра.

Земајќи ги во предвид трошоците и даночните стапки, платното беше продадено за 7 милиони евра.

Не беше објавен идентитетот на купувачот. Единствено што беше истакнато е дека купувачот не бил Европеец.

Најскапа слика на Ван Гог која собори дури светски рекорд беше Портретот на доктор Гаше кој во 1992 година беше продаден за 82,5 милини долари.



Слични вести