Римската бања “Кралска ќерка“ внесена во привремениот список на Светското наследство на УНЕСКО

Римската бања во населеното место Сарикаја кај градот Јозгат, која инаку е позната по името „Кралска ќерка“ е внесена во привремениот список на Светското наследство на УНЕСКО

984407
Римската бања “Кралска ќерка“ внесена во привремениот список на Светското наследство на УНЕСКО

Конечно вродија со резултат работите кои што беа водеа за внесување во списокот на Светското наследство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) на римската бања во населеното место Сарикаја кај градот Јозгат, која инаку е позната по името „Кралска ќерка“.

Историскиот објект кој се наоѓа во населеното место Сарикаја кај градот Јозгат и кој плени со онаа негова убавина е внесен во привремениот список на Светското наследство на УНЕСКО.

Оваа бања како значаен објект чија лековита топла вода и историското ткиво успеале да се одржат на нозе до денеска, отсега ќе се наоѓа меѓу значајните дела чие име ќе биде познато и во Турција и во светот.

Директорот за култура и туризам на градот Јозгат Метин Халиџи истакна дека по инструкција на валијата Кемал Јуртнач минатата година беше формирана четиричлена специјална екипа и дека се работеше со претпазливост.

Халиџи рече: „Нашата цел сега е да бидеме постојани во списокот на Светското наследство. Ќе се слушне, афирмира и посетува во светски рамки. Тоа е многу значајно од аспект на турскиот туризам.“

Инаку, слична на римската бања Базилика Терма (Basilica Therma) која датира од Римскиот период има само во градот Бат во Англија.

 



Слични вести