Свечено одбележана 565-та годишнина од Освојувањето на Истанбул

На програмата на која беше одразен духот на повторното оживување и воскреснување беше проследен и специјалниот филм кој беше подготвен од страна на Градската заедница на Истанбул

981856
Свечено одбележана 565-та годишнина од Освојувањето на Истанбул

565-та годишнина од Освојувањето на Истанбул свечено беше одбележана со манифестацијата што беше одржана под покровителство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и Градската заедница на Истанбул.

Свеченоста се одржа во Конгресниот центар Халич (Златен рог).

Свеченото одбележување започна со ифтарска програма и во придружба на мелодии на историската турска мистична музика.

По говорите по повод свеченото отворање, беше прикажано Специјално видео посветено на 565-та годишнина од освојувањето на Истанбул. Во рамките на свеченото одбележување на бината излезе и Воениот оркестар Мехтеран на Турските вооружени сили, а исто така беше прикажано специјално видео мапирање посветено на Освојувањето на Истанбул во придружба на светлосни, водени и  ласерски ефекти.

За специјалното шоу посветено на освојувањето, на 50 метри од крајбрежјето на морската површина беше формирана специјална платформа. На сцената со димензии 78x18 метри беше подготвен 20 минутен филм за 3Д мапирање. Во рамките на програмата беше направена уште една пловна платформа со димензии 30x90 метри за изведба со водени, светлосни, ласерски ефекти.

Свеченоста на која визуелно беше прикажано освојувањето на Истанбул од страна на султанот Мехмет Втори Освојувачот кој го промени текот на историјата, затвори една ера и отвори една друга ера, беше проследена со голема воодушевеност.

На програмата на која беше одразен духот на повторното оживување и воскреснување беше проследен и специјалниот филм кој беше подготвен од страна на Градската заедница на Истанбул, а чии подготовки, снимање и меѓународна пост продукција траеја 1.5 месец. Публиката на филмот имаше можност во придружба на султанот Мехмет Втори Освојувачот да го проследи патешествието од 1453 година до денес. Во филмот беше одадено место на значајните личности, лидери на турската историја кои одиграа значајна улога во развојот на турскиот народ и неговата култура.

На програмата учествуваа главниот рабин на Евреите во Турција Рав Исак Халева, духовниот лидер на сириската православна заедница во Истанбул и Анкара и В.Д: патријарх Мор Филуксинос Јусуф четин, генералните конзули во Истанбул, уметници, како и голем број претставници од деловниот свет, спортот, уметноста и политичкиот живот.



Слични вести