Величествена програма по повод 565-годишнината од освојувањето на Истанбул

Во рамките на програмата по концертот со учество и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и државниот врв ќе се приреди ифтарска вечер, а потоа ќе започне Специјалната претстава за освојувањето

981324
Величествена програма по повод 565-годишнината од освојувањето на Истанбул

565-годишнината од освојувањето на Истанбул ќе се слави со програма која што ќе се приреди во Халич (Златниот рог) во Истанбул.

Во рамките на програмата која што ќе се приреди на просторот на брегот на Конгресниот центар Халич ќе приреди концерт оркестарот за тасавуфска (мевлевиска) музика на историската турска музика при министерството за култура и туризам.

По концертот со учество и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и државниот врв ќе се приреди ифтарска вечер.

По ифтарот пак по повод одбележувањето на 565-годишнината од освојувањето на Истанбул ќе започне „Специјалната претстава за освојувањето“. 

Освен тоа ќе настапи и единицата на воениот оркестар Мехтеран на Турските вооружени сили (ТВС), а ќе се приреди и величествена претстава за освојувањето во чии рамки заедно ќе се употребат специјално видео мапирање, светлосни ефекти, вода и ласери.

За „Специјалната претстава за освојувањето“ на некаде околу 50 метри од брегот на површината на морето е поставена специјална платформа и за претставата со 3Д мапирање која ќе се приреди на сцената со димензии 78 м х 18 м е подготвен 20 минутен филм. Во рамките на програмата претставата со вода, светлосни ефекти, ласер и водена завеса ќе се приреди на пловечката платформа за претстава со димензии од 30 м х 90 м.

Во рамките на програмата наново ќе биде импровизирано освојувањето на Истанбул од страна на османлискиот султан големиот гение Фатих Султан Мехмед (Мехмед втори освојувачот) и неговите победоносни, јуначки и честити војници, со што беше променет текот на светската историја и беше отворена една нова епоха.

 



Слични вести