Кулата Чамлиџа по својата височина ја надмина Ајфеловата кула

Со поставување и на антената височината на кулата Чамлиџа во Истанбул достигна до 365 метри и ја престигна дури и Ајфеловата кула висока 300 метри која инаку е симбол на Париз

981483
Кулата Чамлиџа по својата височина ја надмина Ајфеловата кула

Кулата Чамлиџа во Истанбул чија височина достигна до 365 метри стана повисока и од Ајфеловата кула во Париз.

Во период кога се наближува крајот на работите за изградба на Кулата Чамлиџа во Истанбул со поставувањето и на антената височината на кулата достигна до 365 метри и ја остави зад себе дури и Ајфеловата кула во главниот град на Франција Париз.

Последната состојба во градбените работи на Кулата Мала Чамлиџа во Истанбул чии темели беа фрлени во 2016 година беше снимена од воздух.

Со поставување и на антената височината на кулата достигна до 365 метри и ја престигна дури и Ајфеловата кула висока 300 метри која инаку е симбол на Париз.

На снимките се гледа како непрекинато продолжуваат градбените работи на работниците на стотици метри високата кула.

Откако ќе заврши изградбата на Кулата Чамлиџа за која што се очекува да стане симбол на Истанбул граѓаните ќе можат да се искачат на втората тераса за набљудување на височина од 153 метри (371 метар од морската површина). 

Височината на кулата Чамлиџа достигна до 365 метри, ддоека нејзината височина од морската површина изнесува 583 метри.



Слични вести