Филмот „Ајла“ досега доби вкупно 8 награди од САД

Филмот „Ајла“ на Фестивалот WorldFest Houston во САД ја доби наградата за „најдобар странски филм“ со што досега доби вкупно 8 награди од САД

980814
Филмот „Ајла“ досега доби вкупно 8 награди од САД

Филмот „Ајла“ кој што доби награди од голем број фестивали на кои учествуваше досега како последно доби награда и од Фестивалот WorldFest Houston во САД.

„Ајла“ со својата влијателна приказна, силната продукција и впечатливиот актерски кадар беше засакан од страна на љубителите на филмот во нашата земја и во светот, така што и на 51-от Меѓународен филмски фестивал WorldFest Houston ја доби наградата за „најдобар странски филм“.

На тој начин филмот „Ајла“ досега доби вкупно 8 награди од САД.

„Ајла“ претходно беше добитник на награди и на водечките фестивали во САД како што се Меѓународниот азиски филмски фестивал, 29-от Меѓународен филмски фестивал Palm Springs, 24-от Меѓународен филмски фестивал Sedona и Ричмонд.

Филмот „Ајла“ во продукција на Продукциската куќа Дигитални Уметности и во режија на Џан Улкај по Европа и Турските Републики на 21 јуни ќе почне да се прикажува и во Јужна Кореја.

Филмот уште еднаш го потсетува корејскиот народ за приказната на подофицерот Сулејман Дилбирлиги и малата Ајла која ја одгледува овој турски војник како своја ќерка и на младите генерации им раскажува за моќта на љубовта која ги надминува дури и времето и границите.



Слични вести