Аја Софија, најпосетуван културно историски објект во Турција

Музејот Аја Софија се смета за 8.Светско чудо. 916 години била црква, а по 1453 година откога градот бил освоен од страна на војските на султанот Мехмед 2. бил претворен во џамија по што 482 години се користел како џамија.

980800
Аја Софија, најпосетуван културно историски објект во Турција

Музејот Аја Софија во Истанбул како симбол на освојувањето на градот во 1453 година е најпосетуван културно историски објект во Турција.

Музејот Аја Софија се смета за 8.Светско чудо. 916 години била црква, а по 1453 година откога градот бил освоен од страна на војските на султанот Мехмед 2. бил претворен во џамија по што 482 години се користел како џамија.

Аја Софија во Истанбул била неколку пати реновирана, и збогатена со минарињата кои му ги додал познатиот турски архитект Мимар Синан.

Фахамедин Башар помошник ректор на универзитетот Фатих Султан Мехмет во Истанбул вели дека со освојувањето на Истанбул од страна на 7.турски султан Мехмет 2. османлиската држава стана најсилната држава во тогашниот свет.Западниот христијански свет после освојувањето на Истанбул доживеа голем пораз а Папата како одговор на тоа го повика целиот христијански свет на крстоносна војна.Тие постојано правеа планови за повторно освојување на Истанбул од Турците и Аја Софија.

Со цел непречено функционирање на Аја Софија како џамија османлиската држава делот од кириите на голем број трговски простории ги прелеваше во џамијата.

 



Слични вести