Серијата „Алија“ на ТРТ ќе се емитува и во БиХ

Серијата се очекува да има поучно значење за младите кои сеуште не беа родени во 19990-те години, кога Алија Изетбеговиќ водеше беспоштедна борба за независноста на земјата

979476
Серијата „Алија“ на ТРТ ќе се емитува и во БиХ

Серијата „Алија“ на Турската радио и телевизија (ТРТ) чија тема е животот на првиот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ ќе се емитува и во Босна и Херцеговина.

Серијата ќе се емитува на брановите на приватниот ТВ-канал „Хајат“ кој важи за еден од најгледаните. Продукцијата има многу поголемо значење за граѓаните на Босна и Херцеговина од една серија.

Се претпоставува дека Босанците кои се навикнати на турските серии во последно време, серијата „Алија“ гледано од аспект на продукцијата ќе привлече големо внимание.

Серијата се очекува да има поучно значење за младите кои сеуште не беа родени во 19990-те години, кога Алија Изетбеговиќ водеше беспоштедна борба за независноста на земјата.

Серискиот филм „Алија“ од 6 серии ќе се емитува секој петок навечер.



Слични вести