Отворен Турскиот театарски фестивал во Франкфурт

На отворањето на 5-тиот Турски театарски фестивал во Франкфурт беше одиграна театарската претстава „Shirley“ во авторство на англискиот писател Вили Расел и адаптирана и играна од страна на театарската актерка Сумру Јавруџук

964480
Отворен Турскиот театарски фестивал во Франкфурт

Отворен Турскиот театарски фестивал во Франкфурт кој оваа година се одржува по 5-ти пат во организација на Театар Франкфурт и во соработката со Министерството за култура и туризам на Турција и Државните театри на Турција.

Церемонијата на отворањето на фестивалот под покровителство на Генералниот конзулат на Турција во Франкфурт се одржа во театарот Галус во Франкфурт.

На отворањето на 5-тиот Турски театарски фестивал во Франкфурт беше одиграна театарската претстава „Shirley“ во авторство на англискиот писател Вили Расел и адаптирана и играна од страна на театарската актерка Сумру Јавруџук.

Во оваа претстава комедија монолог ја игра Јавруџук која воедно е и режисерка, се раскажува за приказната на Shirley Valentine која се изгубила во оној досаден секојдневен живот и која ги заборавила дури и своите мечти и копнежи.

Во оваа претстава со музика пренесена на сцената со преводот на Еврен Ерџан во траење од 90 минути, Селмин Артемиз пак е во улога на вокал.

На фестивалот чиј координатор е Зејнеп Јилдиз, а координатор за Истанбул е Нур Онур, Еркан Авџи и Бариш Фалај реализираат работилница, Театар Фил (Слон) ќе ја одигра претставата „Парк со музика“ (Müzikli Park), а Театарот Сухејл Бехзат Ујгур ќе настапи со претставата „Немој да го разболуваш човекот“ (Hassta Etme Adamı).

Фестивалот во чии рамки ќе бидат одиграни 7 претстави со голема продукција, 9 презентации, 10 работилници, панели и интервјуа ќе трае до 14 мај.



Слични вести