Генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен постави венец на мавзолејот на Ататурк

ТРТ се стекна со карактеристика на прозорец на Турција кој се отвора кон светот

961740
Генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен постави венец на мавзолејот на Ататурк

По повод 54-та годишнина од формирањето на Турската радио и телевизија (ТРТ), генералниот директор Ибрахим Ерен го посети мавзолејот на Ататурк.

По Лавовскиот пат што го испешачи заедно со делегацијата во негова придружба Ерен на гробот на мавзолејот на Ататурк постави венец.

По оддавањето почит со едноминутно молчење и интонирање на националната химна, Ерен се потпиша во спомен книгата на Мавзолејот и напиша:

„ТРТ се стекна со карактеристика на прозорец на Турција кој се отвора кон светот“.



Слични вести