Помош од Турската Црвена полумесечина Кизилај за населението во Дакук кај Киркук во Ирак

Претседателот на ирачката делегација на турската Црвена полумесечина Кизилај Мехмет Мурат Озѓувен рече: „Донесовме храна и облека за илјада семејства со ниски примања и за 500 сирачиња.“

954771
Помош од Турската Црвена полумесечина Кизилај за населението во Дакук кај Киркук во Ирак

Турската Црвена полумесечина достави помош во храна и облека за илјада загрозени семејства и 500 сирачиња во населеното место Дакук кај градот Киркук во Ирак.

Претседателот на ирачката делегација на турската Црвена полумесечина Кизилај Мехмет Мурат Озѓувен рече: „Донесовме храна и облека за илјада семејства со ниски примања и за 500 сирачиња.“  

Велејќи дека во раздадените пакети со храна биле додадени и производи кои што се познати во подрачјето, Озѓувен продолжи со следните зборови: „Пакетите со облека се состојат од обувки, кошули, маици и џемпери исклучиво наменети за деца.“

Освен тоа претседателот на ирачката делегација на турската Црвена полумесечина Кизилај Мехмет Мурат Озѓувен напомена дека се водат активности и подготовки за доставување помош во храна и за време на муслиманскиот месец на постот Рамазан, како и за организирање на ифтарски вечери. 

 



Слични вести