Лалето е богатството кое Турците му го подарија на светот

Лалаето во Анадолија како украсен мотив почна да се употребува уште во 12-от век

945935
Лалето е богатството кое Турците му го подарија на светот

Лалето чија вистинска татковина е планинскиот венец Памир во Централна Азија и кое Турците од овие предели го донесоа во Анадолија, а од тука се прошири низ целиот свет, е едно од ретките цвеќиња во светот кое претставува симбол на градовите и во чија чест како предвесник на пролетта се одржуваат фестивали.

Лалаето во Анадолија како украсен мотив почна да се употребува уште во 12-от век. По овој период лалето беше еден од привлечните мотиви во поезијата, сликарството, приказните, романите, минијатурите и суфизмот, украсните орнаменти на џамиите, мотивите на леењето на топовите, дизајкните килимите, шлемовите, наметките, шамиите, фустаните, чеизите па дури и парите.

Во периодот на османлискиот султан Ахмед Трети еден период беше наречен дури Период на лалињата и лалето како симбол на Истанбул и Турците, во втората половина на 15-от век беше однесено во Европа. Амбасадорот на Австро-унгарската империја во Истанбул ботаничарот Огиер Гислаин де Бусбек, главите на лалињата во вид на кромид што ги испрати во втората половина на 1500-те години, најпрвин пристигнаа во Виена, од тука во Холандија.

Ова цвеќе за кратко време се стекна со голема популарност во Холандија, додека со пренесувањето на ова цвеќе и во Отава, лалето се стекна со светска слава. По Канада последната станица на ова долго патување на лалето, не само во оваа земја туку и во Холандија и Јапонија секоја година се одржуваат фестивали во знак на ова познато цвеќе од Анадолија.



Слични вести