Во Саудиска Арабија се отвара првото кино после 35 години

Министерот за култура и информации на Саудиска Арабија, Авад бин Салих ал Авад, истакна дека оваа одлука е значајна и за инвеститорите што ќе вложуваат во секторот.

945106
Во Саудиска Арабија се отвара првото кино после 35 години

Министерството за култура и информaции на Саудиска Арабија ѝ издаде дозвола на американската компанија „American Multi-Cinema“ (AMC) за отворање кино-сала во оваа земја. На тој начин кината во оваа земја повторно ќе проработат по 35 години.

Саудиската новинска агенција СПА потврди дека американската компанија добила дозвола за отворање кино во оваа земја, дека првото кино во Саудиска Арабија ќе биде отворено на 18 април оваа година. Саудиските власти од конзервативни причини ја забранија работата на кината во 1980-тите години.

Министерот за култура и информации, Авад бин Салих ал Авад, истакна дека оваа одлука е значајна и за инвеститорите што ќе вложуваат во секторот, и додаде:

„Саудиска Арабија е голем пазар. Нашите жители сакаат да ги гледаат омилените филмови во својата земја“.

Авад додаде дека една од главните цели на Саудиска Арабија за 2030 година е да формираат забавни центри, со кои ќе биде зголемен и животниот стандард во оваа земја. Како што изјави тој, повторното придвижување на овој сектор, ќе донесе нови работни места и ќе придонесе за развој на економијата на оваа земја.

Според договорот, AMC во наредните пет години во 15 саудиски градови ќе отвори околу 30 кино-сали, а планот е до 2030 година овој проект да се прошири во 25 градови.

Саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман во октомври 2017 година изјави дека неговата земја се враќа во „умерен ислам“.



Слични вести