Стартува 68-от Меѓународен филмски фестивал „Берлинале“

Турција на фестивалот во секцијата „Generation 14plus“ ќе учествува со филмот „Гулаб“ на Бану Савџи

912056
Стартува 68-от Меѓународен филмски фестивал „Берлинале“

68-от Меѓународен филмски фестивал „Берлинале“ во Германија стартуваше со анимираниот филм „Isle of Dogs - Ataris Reise“ во режија на Вес Андерсон.

Филмот „Isle of Dogs - Ataris Reise“ чија светска премиера првпат се одржа на фестивалот истовремено претставува и прво прикажување на еден анимиран филм на свеченото отворање на фестивалот.

На годинашниот филмски фестивал ќе се натпреваруваат 385 филмови од 78 земји за наградата „Златна мечка“ во различни категории.

Турција на фестивалот во секцијата „Generation 14plus“ ќе учествува со филмот „Гулаб“ на Бану Савџи, додека во секцијата „Форум“ со филмот „Пиедестал од сол“ на Бурак Чевик. Во категоријата „From Expanded“ ќе биде прикажан турскиот документарен филм „Araf“ на Дидем Пекун. Наградите на фестивалот ќе бидат доделени на 24 февруари.



Слични вести