Ибрахим Калин:Сепаратистичките реторики нема да имаат никаков придонес за стабилноста на Балканот

Портпаролот на кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин одржа предавање на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Сараево

897398
Ибрахим Калин:Сепаратистичките реторики нема да имаат никаков придонес за стабилноста на Балканот

Портпаролот на кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, изјави дека односите меѓу Исламот и Западот датираат далеку во минатото и дека денес се под големо влијание на искривените погледи кон Исламот.

Калин, кој престојува во официјална посета на Сараево, одржа предавање на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Сараево, и говореше за односите меѓу исламот и Западот во 21. век.

Нешто потоа Калин приреди конференција за медијумите и рече дека сепаратистичките и расистичките изјави нема да имаат никаков придонес во стабилноста на Балканот.

Желба на Турција е овој регион да биде регион на мир и безбедност подвлече Калин.

Калин во продолжение истакна:

„Сепаратистичките реторики кои се слушаат од челниците на Република Српска загрижуваат и тоа не само нас во Турција турку и другите земји кои се залагаат за мир и стабилност на Балканот. Босанците дадоа големи жртви во војната така да структурата која е воспоставена после војната воопшто не задоволува. Тоа може да предизвика отворање на Пандорината кутија“.

Осврнувајќи се руското влијание во регионот Ибрахим Калин подвлече дека Турција на сите пријатели в клучително и на Русија им сугерира дека тгреба да се штити мирот и стабилноста на Балканот.

 

 



Слични вести