Изложба на женски градски носии од Османлискиот период во Македонија

Во Скопје главниот град на Република Македонија се отвори изложба на женски градски носии од Османлискиот период во Македонија.

835240
Изложба на женски градски носии од Османлискиот период во Македонија

Во Скопје главниот град на Република Македонија се отвори изложба на женски градски носии од Османлискиот период во Македонија.

Изложбата се отвори во салонот на Музеј на Македонија Скопје  а се организира во заедничка соработка на Институт „Јунус Емре" - Турски Културен Центар во Скопје и Музеј на Македонија.

Директорот на Институтот „Јунус Емре" во Скопје, Шемсеттин Шекер, во изјава за медиумите рече дека тие како институт во различни места во светот реализираат различни активности од аспект на јазикот, уметноста и науката.

Шекер додаде дека како што на турските граѓани им ги промовираат културите на земјите во кои реализираат активности, така и во другите земји се обидуваат да ја промовираат турската култура, богатствата во јазикот, културата, уметноста и науката. Во рамките на оваа цел, соработуваат со различни институции во Македонија.

„Ако гледаме во облеката, материјално културните елементи на оваа изложбата, можеме да забележиме дека различните етникуми во Македонија како Македонци, Албанци, Срби, Власи, Бошњаци всушност се поврзани со заеднички обичаи, традиции, и естетика. Благодарение на оваа изложба, имаме цел да ги промовираме заедничните вредности, како и отстранување на некои предрасуди за одредени моменти од историјата“, истакна Шекер.

Според организаторите изложбата ќе биде одраз на културното богатство на Османлиската цивилизација во Македонија.

На овој значаен културен настан во Скопје присуствуваа бројни претставници на турски институции и организации во земјава, како и бројни граѓани љубители на историјата и традицијата.

Изложбата ќе биде отворена за посета во период од еден месец.



Слични вести