Телевизиски проект за 10 000 деца бегалци од Сирија

Генералниот директор на ТРТ-Турска радио и телевизија Ибрахим Ерен соопшти дека  планираат да реализираат проект на одговорност за  10.000 деца бегалци од Сирија

829259
Телевизиски проект за 10 000 деца бегалци од Сирија

Генералниот директор на ТРТ-Турска радио и телевизија Ибрахим Ерен соопшти дека  планираат да реализираат проект на одговорност за  10.000 деца бегалци од Сирија.

Проектот ќе го носи насловот „ТРТ Ворлд Ситизен“ а целта му е да се привлече поголемо внимание кон иљадниците деца бегалци од Сирија.

Ерен  додаде дека преку истиот проект во текот на една цела година 10.000 деца бегалци од Сирија ќе бидат гости на телевизиските екрани на куќата, воедно и дека паралално со реализацијата на проектот ќе биде промовирана и посебна брошура која веќе излезе од печат.

Ерен додаде: Во брошурата која ја отпечативме на германски, англиски, француски,арапски и урду јазик станува збор за правата на детето.Целиме кон тоа да оваа брошура биде вид водич како за децата бегалци од Сирија така и за институциите и нивните раковители кои се инволвирани во тематиката. Тоа ќе биде тема токму и на ТРТ Ворлд Форумот.

 

 

 



Слични вести